Министерство за одбрана: Пропагандната машинерија на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да манипулира

366

Министерството за одбрана испрати соопштение во кое реагира дека пропагандната машинерија на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да манипулира и покрај тоа што вчера било кажано дека се работи за различна инженерска машина.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажните вести. Откако вчера јасно беше кажано дека се работи за различна инженериска машина, нивната пропагандна машинерија продолжува да манипулира. Ако имало поевтини машини кои ги исполнувале условите од приложената спецификација, ќе имало и такви понуди при тендерската постапка, која да ги потсетиме уште еднаш ВМРО-ДПМНЕ, беше отворена и транспарентна. ВМРО-ДПМНЕ не може да сфати дека се применува закон и дека јавни набавки се спроведуваат во отворени и транспарентни постапки, без ограничувања да учествува било кој економски оператор што ги исполнува условите. ВМРО-ДПМНЕ не може да го сфати тоа бидејќи тие додека беа на власт го правеа спротивното. На ВМРО-ДПМНЕ им е несфатливо да се работи според закон, бидејќи тие додека беа на власт градеа палати наместо партиско седиште, собираа провизии за автопати и тајно купуваа мерцедеси кои ќе го возат нивниот лидер кога јавноста не гледа“, наведено е во соопштението.

Претходно, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција ја обвини министерката за одбрана Радмила Шекеринска дека е вмешана во сомнителен тендер и оти постои сомнеж дека проневерила над 250.000 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...