Над 20.069 граѓани до вчера закажаа бесплатна вакцинација во трите поликлиники Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров во рамки на Здравствениот дом во Скопје и низ центрите за јавно здравје во целата држава, соопшти Министерството за здравство.
Оттаму велат дека вакцини против сезонски грип има и дека здравствените установи се добро организирани.
– Во моментов има доволно колични на вакцини за сите оние кои сакаат бесплатно да се вакцинираат. Дополнително, треба да пристигнат и 14,400 дози од вакцините – велат од Министерството за здравство.
Оттаму апелираат граѓаните да се вакцинираат со вакцини против сезонски грип, да го заштитат како своето здравје, така и колективното.