При надзорот, како што се посочува, била извршена контрола во повеќе вакцинални пунктови и биле детално исконтролирани фабричките рокови втиснати на сите кутии и на внатрешните пакувања од страна на производителот. Утврдено било дека сите вакцини се со важност до мај 2019 година, односно јули 2019 година.
Надзорот констатирал дека од страна на увозникот, компанијата Македонија лек бил направен технички пропуст.
Имено, компанијата Македонија лек, кај мал број од пакувањата залепила стари декларации. Залепените декларации биле од претходниот увоз кој бил со важност до октомври 2018 година. За оваа констатација на инспекцијата ја информиравме и компанијата Македонија лек.
„Родителите и граѓаните може да бидат спокојни и слободно да продолжат со редовната имунизација на децата. Вакцините во вакциналните пуктови се со проверен квалитет и безбедност и во исправен рок на траење“, стои во соопштението од Министерството за здравство