Министерството за правда на Република Северна Македонија најостро го осудува вербалниот, а потоа и физичкиот инцидент во КПУ Затвор – Скопје, и очекува санкционирање на сторителите на насилство, но, и на сите оние кои не презеле мерки за спречување на вакви ситуации, соопштија вечерва од ова Министерство.
Оттаму нагласуваат: Воедно, бараме и очекуваме сите надлежни институции да одговорат на највисоко професионално ниво во расветлувањето на денешниот настан.