Министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски, денеска во Владата ќе потпишат Спогодба за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност.
На потпишувањето на спогодбата ќе присуствува и премиерот Зоран Заев.