Министерството за здравство го осуди инцидентот во болницата во Кочани

181

Министерство за здравство денеска преку соопштение изрази најостра осуда за инцидентот во Општата Болница Кочани и бара целосно расветлување на случајот.

– Сметаме дека насилството врз докторите и медицинскиот персонал не смее да се толерира со што превземаме мерки да се воведе дополнително обезбедување на сите нивоа на здравствена заштита. Со оглед на зачестеноста на појавите на вербални и физички напади на докторите, Министерството за здравство презема активности за дополнително обезбедување и воедно ги повикува сите здравствени установи да преземат активности за да се обезбеди соодветна заштита и нормални услови за работа – стои во реакцијата од Министерството за здравство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...