Министерството за животна средина со регионален систем за управување со отпад

113

Државниот секретар при Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска денеска во Струга на четвртата Конференција на македонската асоцијација за управување со цврст отпад информирала за процесите за воспоставување на регионален систем за управување со отпадот.

Процесите, како што информира МЖСПП, ги води Министерството во соработка со општините во источниот и североисточниот плански регион.

Темата на конференцијата е „Комуницираме со сите субјекти од општеството – како да се унапреди управувањето со отпадот во Република Северна Македонија“ а учествува и раководителот на секторот за управување со отпад, Ана Каранфилова Мазневска.

-Целта на конференцијата е да покаже дека бизнис заедницата и државните органи, вклучувајки ги секако тука и невладиниот сектор и медиумите, се подготвени да комуницираат и соработуваат со една заедничка цел, а тоа е заштитата на животната средина, се наведува во соопштението на МЖСПП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...