Министерот Филипче во контрола на аптеките во Прилеп

Го решивме деценискиот проблем. Секој пациент е снабден со лекови согласно реалните медицински потреби, без да прават залихи на лекови во нивните домови, изјави Филипче

92

Министерот за здравство денеска во општина Прилеп посети неколку аптеки, за да се информира како тече мерката со укинувањето на квотите за лекови на рецепт.

– Граѓаните на Прилеп имаат редовен пристап до лекови во текот на целиот месец. За првпат сите граѓаните имаат достапни лекови кон крајот на месецот. Тие без проблем ја земаат потребната терапија. Го решивме деценискиот проблем. Секој пациент е снабден со лекови согласно реалните медицински потреби, без да прават залихи на лекови во нивните домови – изјави Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...