Министерот Спасовски се сретна со претседателот на ЗНМ

108

Министерот Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со новоизбраниот претседател на Здружението на новинари на Македонија Младен Чадиковски.

Министерот Спасовски му го честита изборот на Чадиковски и му посака успешна работа во текот на неговиот мандат.

„Спасовски и Чадиковски се согласија дека соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Здружението на новинари на Македонија е одлична, пред се благодарејќи  на редовната комуникација што е воспоставена од минатата година.
Соговорниците разговараа за начините како соработката да се подобри врз основа на Меморандумот за соработка, што беше потпишан во декември минатата година со цел да се обезбеди безбедно вршење на работата на медиумските работници. Договорено е во наредната година да продолжат заедничките проекти на МВР и ЗНМ, а во план е и реализација на нови проекти од оваа сфера“, информира ЗНМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...