Министерството за култура вчера ја оддржа првата средба на новиот состав на Советот за култура на министерот за култура Асаф Адеми, информира Министерството за култура.
Советот го сочинуваат 15 советници, вклучително со претседателот на ова тело.
Претседател на ова стручно советодавно тело на министерот е професор Исмаил Барди. Ченови на Советот се: Ѓунер Исмаил, професор по филозофија, проф. д-р Мирослав Грчев, редовен професор на Архитектонскиот факултет при УКИМ, Петар Арсовски, дипломиран актер, проф. д-р Владимир Милчин, професор на Факултетот за драмски уметности при УКИМ (во пензија), м-р Весна Илкова-Гиновска, вонреден професор на Факултетот за музичка уметност при УКИМ и првенец при Операта на МОБ, Зоја Бузалковска, професор, Ариф Зибери, уметник музичар, Антон Серечи, новинар публицист, Ромир Имами, уметник, Али Пајазити, професор по филозофија, Неџбедин Бајрами, филолог, Мируше Хоџа, филолог, д-р Александар Прокопиев, професор по компаративна книжевност и Јован Балов, ликовен уметник.
Членовите на Советот ги именува министерот за култура, од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на културата и од јавниот и општествениот живот, по принципот на компетентност и на соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.
Според Законот за културата, улогата на Советот е да му дава мислења на министерот од неговата законска надлежност. Советот се свикува по барање на министерот, а мандатот на членовите е во траење со мандатот на министерот.