Министерството за култура изразува задоволство од воведувањето на новата државна награда „22 Ноември“ со која се оддава почит кон луѓето од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредувањето на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во земјата, информираа попладнево од Министерството за култура.
Министерот за култура, Хусни Исмаили им честита на годинешните добитници, Давид Хосафлок, истражувач, историчар и хуманист, и Кимет и Аднан Агаи, просветни работници, и им посакува уште многу успеси во животот и во кариерата.
Министерот Исмаили, поради објективни причини беше спречен лично да присуствува на врачувањето на наградите за кое согласно Законот за државни награди е надлежно Собранието на Република Северна Македонија. На овој свечен настан, претставник од Министерството за култура беше заменик-министерот Владимир Лазовски.