Министерот за култура Асаф Адеми, како што веќе објави Плусинфо, денеска поднесе оставка од функцијата. Адеми ја соопшти одлуката на прес-конференција во партиското седиште на „Алтернатива“ во скопска „Мавровка“.
Оставката, како што наведе, ја поднесува поради здравствени причини и во консултации со партискиот лидер Африм Гаши.
Асаф Адеми е втор министер за култура во актуелната Влада кој се повлекува од функцијата. Пред него Министерството за култура го водеше Роберт Алаѓозовски.