Министерот Димковски закажа прес-конференција за аудио снимката на „Економски лидер“

Аудио снимката на „Економски лидер“ е наводно разговор помеѓу Томе Мојсовски, советник на министерот Димковски и лице вработено во Инспекторатот во Охрид. На неа се слуша како Мојсовски „го уценува“ инспекторот од Охрид да укине одредена концесија, а ако не го стори тоа да си поднесе оставка. 

1854

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски попладнево закажа прес-конференција во врска со аудио снимката објавена денеска на порталот „Економски лидер“.

Прес-конференцијата, како што информира Кабинетот на Димковски, ќе се одржи во Министерството, во 15:15 часот.

Аудио снимката на „Економски лидер“ е наводно разговор помеѓу Томе Мојсовски, советник на министерот Димковски и лице вработено во Инспекторатот во Охрид. На неа се слуша како Мојсовски „го уценува“ инспекторот од Охрид да укине одредена концесија, а ако не го стори тоа да си поднесе оставка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...