Минаж откри колку пати дневно има секс со нејзиното момче

1368

Раперката Ники Минаж им откри на фановите на Твитер колку пати има секс со нејзиното момче дневно.

Откако еден фан напиша „Ники најверојатно има 6х во една ноќ и се смее кога ве чита вас што велите дека има 3 пати“, раперката одговори дека „шест е премногу“. Таа им кажала дека со Кенет Пети имаат секс 3-4 пати, пренесува „Е! News“.

Друг фан искоментирал за можноста раперката и Пети да имаат деца во блиска иднина.

– Јас имам неколку сугестии за можни имиња – напишал фанот.

Според Минаж, тие веќе имале избрано имиња.

Минаж кажала дека Пети не е „интернет личност“ и дека таа го сака тоа што тој е мистериозен.

– Јас ќе зборувам за него – напишала ѕвездата на Твитер.

Фанови на Ники Минаж беа загрижени откако во јавноста се откри дека раперката е во врска со Пети, кој во минатото бил во затвор според „ТМЗ“.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...