Скандалозно е тоа што во македонската делегација за чествувањето на Свети Кирил во Рим кај папата беше и пратеник кој ја отвори вратата во Собранието за време на настаните на 27 април, наместо таму да оди претседателката на собраниската Комисија за култура, изјави режисерот Владимир Милчин кој во моментов е гостин на Канал 5 во „Само вистина“.
Државната делегација во која беше и пратеникот Мукоски присуствуваше на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква во Ватикан, а тоа Милчин го оцени како голем скандал.
– Видливо е дека Собранието се уште го нема преземено својот авторитет, брзајќи во целите процеси не се помисли на прашањето колкава цена ќе се плати за Преспанскиот договор и кој се ќе биде инволвиран за да се направи таа жртва – смета Милчин.
Тој го коментираше и менувањето на новиот состав на Европскиот Совет и рече дека тоа во овој момент е лошо за земјава.
– Наместо да се намали ризикот на половина пат од зацртаната цел сега стравуваме дека може повторно да западнеме во една бездна – објаснува Милчин.
Познатиот режисер зборувајќи за состојбата во македонската кулура, како негативна ја оцени и честата промена на министри за култура во текот на една година и порача да не се поставуваат партиски луѓе на чело на Министерсвото за култура, кои се менуваат откако ќе се утврди дека не се соодветни за позицијата.