Милчин: Локалните мафиози ќе го злоупотребат Бадентеровото мнозинство

2770

Режисерот Владимир Милчин на својот Фејсбук профил објави реакција на предлог законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион кој денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за култура.

„Предлог-законот ќе овозможи натамошни узурпации и дивоградби. Локалните мафиози ќе го злоупотребат Бадентеровото мнозинство за блокада на работата на Советот. Овој Предлог закон не смее да помине таков каков што е!“, порачува Милчин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...