Милчин за дивоградбата: Оваа фотографија е прст во окото на сите кои се бореа и се борат за право и правда

3186

Оваа фотографија е прст во окото на сите кои се бореа и се борат за право и правда. Ова е коментарот на Владимир Милчин на информацијата за отворањето на пицеријата-дивоградба кај Чинарот, на охридскиот советник од ДУИ Нефи Усеини.

– Оваа фотографија е прст во окото на сите кои се бореа и се борат за право и правда. Наакана и дрска порака: МИ СЕ МОЖЕ, БРЕ! Носете се вие заедно со УНЕСКО! Партискиот пазар гази без оглед на здравиот разум и триумфира во срцето на Охрид, карши Чинарот. Ако може да се лаже УНЕСКО, може и да се газат критичките гласови и здравиот разум, напиша Милчин на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...