Професорот Владимир Милчин бара пауза во преговорите. Тој во изминатиот период повеќе пати апелираше да се заштити македонскиот идентите во преговорите за името, и е против промена на уставот под притисок на Грција.
„Врати се дома, Заев, време е за тајм аут во преговорите со Грција. Граѓаните се нестрпливи со право, бараат социјална правда и казнување на криминалците, без оглед на партиската и етничката припадност. И бараат пристојност и ограничување на привилегиите на властодршците“, напиша Милчин на својот фејсбук профил, откако официјална Атина го одби предлогот „Република Илинденска Македонија.