Со 54 проценти освоени гласови, Мило Ѓукановиќ освои нов претседателски мандат на Црна Гора.
Неговиот противкандидат Младен Бојаниќ освоил 33,5 проценти од гласовите.
За Ѓукановиќ, кој во шест мандати беше премиер, ова е втор претседателски мандат.
На изборите учествуваа седум кандидати – Марко Милачиќ, Младен Бојаниќ, Хазбија Калач, Василије Миличковиќ, Добрило Дедеиќ, Драгиња Вуксановиќ и Мило Ѓукановиќ.