Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, по денешната средба меѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство, изјави дека посакуваат министерката за правда, Рената Дескоска, да си ја задржи функцијата.
– Ѝ честитавме на министерката за правда тоа што станала претседател на советодавното тело за реформи во правосудството и посакуваме да не биде разрешена во следниот период во реконструкцијата што ја најави премиерот Зоран Заев – рече Милошоски одговарајќи на новинарски прашања.