Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во врска со информациите дека е еден од потенцијалните кандидат на партијата за претседател, вели дека во следниот период ќе размисли дали да се пријави на огласот на партијата.
– Не сум се пријавил на огласот. До 31 јануари има некое време и во следните денови ќе почнам да размислувам на таа тема. Во моментов не би коментирал – изјави Милошоски во интервју за МКД.мк.