Милошоски ќе биде потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на местото на Јанчев?

791

Во последниот период се интензивирале средбите меѓу Антонио Милошоски и Христијан Мицкоски, пишува „Независен весник“.

Според сознанијата на „Независен“, со Милошоски е договарано тој да биде нов потпретседател на партијата, односно да го заземе местото на разрешениот Митко Јанчев. Се калкулира дека поранешниот министер има големо искуство во политиката, добро ја познава пратеничката практика и процедура, а како предност му се зема и тоа што прв од вмровската група јасно и без двоумење се изјасни дека ќе го бојкотира референдумот.

Повеќе на оваа тема прочитајте ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...