Милошоски: Јанева не му пратила љубовни писма на Јовески за тој приватно да ни ги покажува

1755

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, член на работната група за законот за јавно обвинителство, денеска изјави дека јавната расправа во голем дел дала потврда на многу забелешки кои претходно ги изнела опозицијата за овој, како што рече, некомплетен и со многу недостатоци закон.

– Единствено тие што работеа на овој текст си ја пофалија својата работа, како академикот Камбовски, додека стручната јавност беше прилично конкретна и критична. Нашиот заклучок од јавната распава е дека најголемиот број на присутни стручни лица од правната и академската фела препорачаа овој Предлог закон за јавно обвинителство да се доработи од Министерството кое го предлага – рече Милошоски.

За утре е закажана средба во поширок состав, најверојатно во Собранието. На оваа средба, според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, преку стенограмските белешки ќе се согледуваат дадените забелешки на јавната расправа.

Тоа што најмногу ги интересира пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како што рече тој, е зошто главниот државен обвинител кој што збори за идниот закон за обвинителство не го почитува сегашниот закон за обвинителство.

– Членот 60 од сегашниот закон за обвинителство и предлогот на Дескоска во иднина секогаш бил и ќе биде кога имате притворен јавен обвинител императивна норма е тој притворен обвинител да се одалечи од работното место. Штом се одалечува од работното место дали станува збор за Катица Јанева или друг јавен обвинител, тој обвинител не може да делегира наредби, задачи или одлуки поврзани со надлежноста на неговото работно место. Затоа цениме дека писмата коишто Катица Јанева од притвор му ги пратила на Јовески не се љубовни писма за тој да се крие, ниту пак да ги донесе приватно да ни ги покаже туку се писма коишто јавноста треба да ги види за да се оцени зошто постапил незаконски и зошто не ја одалечил од работното место во моментот кога надлежни органи донеле одлука за притвор – рече Милошоски.

Според него, она што се забележува од владините претставници е дека нивна главна цел е какви и козметички измени да се прифатат во текстот на законот, е што е можно подолго да се задржат на своите позиции Јовески и Вилма Русковска по промената на власта.

– Јовески и Русковска според закон се јавни обвинители, а според дејствувањето се адвокати на материјалните и политичките интереси на Заев, неговата фамилија, неговите најблиски политички соработници. Ние цениме дека таквата поставеност на власта не е во корист на самостојоста на обвинителството и на ефикасната импелемнтација на законот – рече Милошоски.

Пратеникот вели дека власта самата го става во позиција законскиот текст да не успее и тоа заради тоа што го ставаат во „5 до 12“, затоа што не го повлекле официјалниот текст на законот кој од лани е на собраниска седница и затоа што ги викаат стручните луѓе од обвинителството да дадат забелешки без тие да имаат време да бидат ставени во сериозен текст.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...