Милошоски: Четворица уставни судии блиски на СДСМ во 2016 година тврдеа дека членот 11 постои

392

Четворица уставни судии блиски на СДСМ, Наташа Габер Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Гзиме Старова и Сали Мурати во 2016 година во издвоено мислење тврдеа дека Уставниот суд со укинувањето на дел измените на Законот за помилување од 2009 година го враќаат во правна сила Членот 11 врз основа на кој претседателот на државата може по своја оценка, а по интерес на републиката да носи поединечни акти за помилување, рече на прес конференција пратеникот Антонио Милошоски.

– Дали уставниот судија Сали Мурати во 2016 година бил во право кога тврдел дека се враќа во сила правото на претседателот да помилува или сега како претседател на Уставниот суд кога го тврди спротивното. Независно дали Законодавно-правната комисија донесе автентично толкување или не за членот 11, ниту Собранието ниту министерството за правда не може да му ги одземе надлежностите на Уставниот суд и да му каже како да одлучува, но за да нема дилеми наша препорака е Уставниот суд да побара помошно мислење од Венецијанска комисија – вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Тој  тврди дека власта во последен момент се решила да нема автентично толкување бидејки автентичните толкувања имаат сила на закон и важат од моментот на носење на членот на кој се однесуваат.

Во овој случај, според Милошоски, ќе значело дека член 11 не постоел од 1993 година што ќе значи дека аболицијата на премиерот Зоран Заев за Глобал не важи.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...