Милошоски утре ќе ѝ ја предаде „бомбата“ на Русковска за Заев

698

Пратеникот Антонијо Милошоски преку Фејсбук најави дека утре во 9 часот, на негова иницијатива ќе се сретне со обвинителката Вилма Русковска во Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција. На средбата Милошоски ќе ја предадае аусио снимака која неодамна ја пушти од собаниската говорница, а на која наводно се слуша гласот на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

– Целта на закажаната средба е на обвинителката да и го предадам аудио материјалот доставен од укажувач, а на кој се препознава гласот на поранешниот премиер Зоран Заев. Во прилог на овој материјал ќе го доставам и транскриптот од чија содржина произлегува сомнеж за тоа дека господинот Зоран Заев бил во тек со нелегалното финансирање на “Меѓународниот сојуз” на Бојан Јовановски преку рекетирање на стопанственици, како и дека тој лично од позицијата премиер го помагал финансирањето на телевизијата 1ТВ.
Се надевам дека овој материјал ќе му биде од корист на обвинителството во покренатото обвинение за овој предмет, напиша Милошоски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...