Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на Фејсбук објави наводно писмо од вработени во Владата упатено до Антикорупциската комисија во кое укажуваат дека советникот на премиерот Заев, Љупчо Зафировски лажел дека живее во Париз.
– Писмо до Антикорупциската комисија од вработени во влада кои укажуваат дека:
Советникот на премиерот Заев, Љупчо Зафировски, со специјални контакти со кабинетот на францускиот претседател Макрон, лаже дека живее во Париз, како што излажа и премиерот Заев.
Љупчо Зафировски поради долгови кон доверители во Македонија, нема никаква сметка во државава, па месечната плата од 1.200€ му се исплаќа на сметка во Србија, што кон доверителите е кривично дело измама кое го прави советникот, а Премиерот е соучесник
Советникот со примањето на плата надвор од Македонија веројатно го избегнува и плаќањето на данок во Македонија!
Ангажирањето на вакви советници е срам за Македонија и навреда за Франција, напиша Милошоски.