Сакам да ве прашам вас како претседавач на седницата дали ќе ми дозволите да ви пуштам уште една снимка на лицето З.З која што докажува дека тој е главата на „Рекет“, го праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, собранискиот спикер Талат Џафери.
– Снимката е многу јасна и докажува дека З.З. знае и дели совети како да се спроведе „Рекет“ – рече Милошоски.
Џафери, пак, рече дека Собранието не е место за таква работа и дека си има соодветни институции каде што може да ја достави снимката.
– Јас не давам одобрување – рече Џафери.
Милошоски продолжи да зборува и да тврди дека експремиерот Заев е главата на аферата „Рекет“. Тој обвини дека фирмата на независниот пратеник Крсто Мукоски само во изминатите неколку години инкасирала околу 4 милиони евра.