Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милишоски од Стразбур порача дека земјава нема да добие одлука за преговори во јуни, туку дека тоа може да се случи во 2020 година.
Тој во Стразбур се наоѓа како дел од собраниската делегација на вториот дел од редовната сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа.
„Македонија за жал нема да добие одлука за датум за преговори во јуни, селективната правда и немањето реформи во администрацијата се само дел од причините. Доколку има подобра имплементација на законите и фер и демократски претседателски избори, тогаш може да се надеваме преговорите со ЕУ да почнат 2020 година, за време на хрватското претседателство. Преговорите за членство во ЕУ, доколку не се појават проблеми или блокади во нивниот тек, би траеле околу 8-10 години“, порача Милошоски.