Пратеникот Антонијо Милошоски преку Фејсбук информира дека премиерот Зоран Заев изминативе неколку месеци ургирал за средба со францускиот претседател Емануел Макрон, но не добил покана поради неспособноста на неговите советници.
– Заев има еден советник кој лажно се претставува како „човек со врски во кабинетот на Макрон”. Претходно Заев имал друг советник учесник во Шарената револуција, Ивана Јордановска, која денес објавува вулгарни пораки до претседателот на Франција („е*и се Мак..н”).
Затоа нека не се чуди зошто премиерот Заев и покрај сите ургенции во последните неколку месеци не беше удостоен барем со покана за работна посета на Франција и кратка средба со Макрон.
Во најмала рака министерството за надворешни работи би требало уште денес да се огради од ваквите навреди и говор на омраза и да упати нота на извинување до Париз!, пишува Милошоски.