Милошоски: На жена од метар и 65 сантиметри и покажувате мускули, а го чувате конвертитот Димитров

13515

Се почна со политичкиот конвертит Никола Димитров. Тој рече дека добил вербална нота од Грција, рече пратеникот Антонијо Милошоски на седницата за разрешување на министерката Рашела Мизрахи.

– Министерството за надворешни работи крие четри дипломатски ноти од Грција, Димитров, проверив вечерва во Централен регистар, самиот не го сменил името на министерството за надворешни и сега тој ќе кажува дека треба да биде сменета Мизрахи. На жена од метар и 65 сантиметри и покажувате мускули, а го чувате Димитров оти ги фали сите премиери. Вечера министерката Мизрахи покажа на многу членови на СДСМ како се сака и брани држава. Вие немате ни мандат, ни техничко право да разрешувате министри. Вашиот мандат е да спроведете избори. Таблата ли е пречка за изборите? Не туку тоа што Рашела откри какви малкверзации правела Царовска. Димитров е наконтен Коте од Руља, кој неколку пати правеше предавство – рече Милошоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...