Милошоски: Навреда на интелигенцијата е ако Џафери, Дескоска, Заев и Ахмети разговарале за мали технички измени од 9 утрово до 22 часот

1569

Не биле расправани на дневен ред на седница на владата измените на Законот за јавно обинителство и законот за совет на јавни обвинители, така што не може да се расправа за нив на седница на Собранието, реагира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и ги повика надлежните институции да спречат, како што рече, обид за фалсификат.

Тој реагира на повлекувањето на предлог-законските решенија за Јавно обвинителство и за Совет на јавни обвинители, кои вечерва беа повлечени поради технички грешки, по што беа доставени нови.

– Не може Оливер Спасовски сам да достави парче хартија кое нема легитимитет и е злоупотреба на неговата позиција, спротивно на Деловникот на владата и да побара повлекување без владина одлука. Ова ќе биде тест дали во Македонија функционираат институциите, бидејќи ваквото фалсификување на одлуки кои се донесуваат во Собранието во име на владата се спротивни на законот – рече Милошоски.

Тој рече дека никој не го спори правото на предлагачот да повлече предлог закон, но треба да се постапува според Деловникот, со нов дневен ред на владата.

– Навреда е на интелигенцијата на граѓаните , а особенио на пратениците, доколку Џафери, Дескоска, Заев и Ахмети разговарале за мали технички измени од 9 утрово до 22 часот вечерва – рече Милошоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...