Пратеникот Антонио Милошоски побара оставка од министерката за правда Рената Дескоска, откако Собранието ја изгласа законот за Јавно обвинителство да се носи по скратена постапка. Според Милошоски тоа е обид на власта на сила да го донесе законот.
– Бараме од другарката на Боки Tредичи, Рената Дескоска да си поднесе оставка зашто во нејзин мандат има најголем политички и судски скандал – рече Милошоски за случајот „Рекет“.
Дескоска му одговори дека нема намера да поднесе оставка.
– Еднаш Милошоски ми посака да не ме реконструираат и тоа беше застрашувачка порака, така што сега, штом ми бара оставка, за мене е комплимент. Јас не робувам на партиски интереси, не сум нивен сервис – одговори Дескоска на обвинувањата на Милошоски.