Милошоски: Кој го лаже Заев – Меркел, Макрон, Османи или Димитров ?

1004
20150915 Tuesday 1311 sobranie pratenici Antonio Miloshoski Milososki

Антонио Милошоски, пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ денеска од собраниската говорница го потсети премиерот Зоран Заев дека на 2 јули лани изјавил дека Македонија добила датум за преговори и праша кој е тој што го излажал.

– Дали тогаш некој ве излажа и дали е тоа Меркел или Макрон или вашите соработници Бујар Османи и Никола Димитров. Или пак, дали Вие свесно или несвесно ја излажавте македонската јавност дека во 2018-та година Европскиот совет донел одлука Македонија да добие датум за преговори – праша пратеникот Милошоски.

Ако до вчера изговорот за недобивањето датум беше Атина, додаде Милошоски, сега  ќе биде Тирана.

– Бидете искрен пред македонската јавност, цела година лажете дека сме добиле датум, а сега велите дека ќе добиеме наскоро поради околностите – рече Милошоски, кој му предложи на премиерот наместо советниците Александар Ружин и Љупчо Зафировски за конекциите со Франција да ја земе Илинка Митрева, поранешна министерка за надворешни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...