Со ливче на кое пишува „седум дена“, алудирајќи на деновите кои остануваат до изборот на техничката влада, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на собраниската говорница на седницата за пратенички прашања, пушти аудио снимка од ветувања на премиерот Зоран Заев од 2018 година. Милошоски праша кога премиерот излажал, тогаш или сега дека годинава ќе почне изградбата на новиот Клинички центар, на патот Скопје – Блаце и проектот Чебрен и Галиште.
– Може да пуштите што сакате, но тоа време заврши со грдата власт на Груевски. За Чебрен и Галиште вчера донесовме одлука и утре го објавуваме тендерот и ги повикувам сите меѓународни компании да се јават за да почне реализацијата на овој голем проект. Патот Скопје – Блаце, за жал првиот тендер беше неуспешен. Вториот е успешен вчера ме информираа дека е избра „Гранит“, чекаме да помине периодот за жалби. За Клинички постапките се почнати во две фази. Се разговара со развојните банки за најповолна кредитна линија – рече Заев.