Милошоски: И Црвенковски нема потпишано ваков штетен договор

3688

Со ваквиот договор Македонија самата ја поништува и суспендира меѓународно-правно валидната пресуда која беше во наша корист. Дури и во меѓународниот суд на правдата има повеќе почит и владеење на правото, отколку што тоа го има Собранието на, сѐ уште, Република Македонија.  Со ваквиот договор, Македонија се откажува од напорите и успесите на сите влади кои беа крунисани од 140 земји кои не признале под уставното име. Затоа е јасно зошто владата го злоупотребува европското знаменце. Не сака да има отворена и сериозна расправа. Сакаат што побргу да го изглааат и тоа е доказ дека договорот има фалинки, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на прес-конференцијата која ја одржа пратеничката група откако Собранието изгласа законот за ратификација на договорот со Грција да се донесе по скратена постапка.

Тој најави дека нивната пратеничка група ќе ја напушти работата на Собранието, но не знае дали нема да се појавуваат само на седниците на кои ќе се расправа за договорот со Грција или и на сите останати седници. За тоа, рече Милошоски, дополнително ќе одлучувале партиските органи.

– Република Македонија имала многу претседатели, Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски… и никој не потпишал ваков договор кој ја доведува државата во потчиената положба. Тоа е најголемото предавство на оваа влада – рече пратеникот.

Милошоски на прес-конференцјата, на која не сакаше да одговори на сите новинарски прашања рече дека најголемата иницијатива која тие додека беа 11 години на власт успеавме да ја издејствуваат била добиената тужбата против Грција.

Тој праша зошто договорот се криеше до последен момент, ако е толку добар зошто власта не организирала прослава, зошто се гласа во еден ден и зошто се избегнува матичната комисија со која тој претседава туку се праќа договорот во Комисијата за европски прашања.

– Зошто ја избегнуваат матичната комисија која можеби ќе расправаше 3 или 13 дена? – рече Милошоски притоа избегнувајќи да ги спомене роковите за ратификација на договорот кои течат ако се знае дека веќе следната недела треба да се одржи седница на Советот на ЕУ, од која Македонија очекува датум за почеток на преговори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...