Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, утрово на својот профил на Фејсбук објави заедничка фотографија од градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, и првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, како и меморандумот за соработа помеѓу општината и контроверзниот Меѓународен сојуз Скопје.
„Драг Стефан, ти си пример за тоа што може да му се случи на добро момче во лошо друштво! Поздрав, Антонио“, напиша пратеникот на својот профил на Фејсбук.
Општина Карпош и градоначалникот неодамна рекоа дека и покрај меморандумот кој е само декларативен документ, општината немала никаква соработка со Меѓународниот сојуз Скопје.