Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонијо Милошоски бара шефот на македонската дипломатија Никола Димитров да се обрати пред Комисијата со посебен осврт на како што вели одложувањето на одлуката за датум за ЕУ.
Милошоски бара Димитров да се обрати пред пратениците – членови на Комисијата со најзначајните активности кои МНР ги презема на надворешнополитички план, со посебен осврт на заклучоците на ЕУ од Луксембург со кои донесувањето на одлуката за датум за преговори за членство повторно се одложи за следната година, со дополнителни услови ако Македонија го има заслужено уште од 2009 година.
Претседателот на Комисијата му предлага на Димитров состанокот да се оддржи во првата половина на јули.