Франција, Холандија и Данска не дадоа согласност да има одлука за почеток на преговори на Македонија оваа година. Сметаат дека земјава ги нема исполнето основните предуслови од извештајот на Прибе и планот 3-6-9, особено во однос на владеењето на правото, судството, администрацијата и корупцијата. Ова е голем дипломатски дебакл на Заев и Димитров.
Ова на Фејсбук го напиша поранешниот министер за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, по одлуката на Советот на ЕУ Македонија догодина да добие датум за почеток на преговори, откако земјата ќе треба да исполни неколку услови.
– Пораката од Луксембург до Заев и Димитров е дека нивната спремност да си го сменат националното име и Уставот на сопствената држава не е доволно за да ја покријат погрешната политика на владата на СДСМ во клучните сектори за државата.
Заклучокот кој е постигнат е условен и необрврзувачки, и истиот гласи: „EU negotiations with FYROM/North Macedonia & Albania can start in 2019, depending on progress made by the countries”.
П. С.
Патлиџан дипломатија = пинџур резултати“, напиша Милошоски на својот фејсбук-профил.