Милошоски ги предизвика ФЗО и Јанева – како се добиваат 30 дена боледување без комисија?

3697

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, не открива како ги добил податоците за дијагнозата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, кои ги објави вчера на својот профил на Фејсбук.

Пратеникот објави фотографија од дневникот за прегледи на лекарот кој ѝ го отворил боледувањето на Јанева.

Прашан од каде му се информациите, Милошоски само одговори дека тоа што го објавил е од јавен интерес.

– Би ѝ дал шанса на обвинителката и на ФЗО да потврдат, демантираат и објаснат како се добиваат 30 денови боледување без лекарска комисија. Злоупотреба е незаконското боледување, што создава сомнежи дали е реално или наменско – вели Милошоски за ТВ Телма.

Тој објави дека Јанева добила боледување за периодот од 16. јули до 15. август 2019 година.

„Таинственоста создава сомнеж дека боледувањето може да биде подготовка на околности за неопределување на мерка притвор или за градење историјат на болеста на подолг рок, при евентуални подолги судски процеси“, се сомнева Милошоски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...