Милошоски: Ако некој треба да биде приведен или повикан на распит – тоа е Заев, по ваков објавен материјал ВИДЕО

584

Милошоски на денешната прес-конференција, на која објави втора аудио снимка на која наводно се слуша гласот на Зоран Заев, запрашан дали е свесен дека со нелегално стекнати материјали може да има против него кривична постапка или да бидете притворен, одговори:

– Јас сум свесен дека господинот Заев и неговата фамилија се  прилично влијателни и во обвинителството и во политиката и во државата, и дека наредувале во минатото кој треба или не треба да биде притворен. Но, после еден ваков објавен материјал ако некој треба да биде приведен или во најмала рака повикан на распит тоа е господинот Заев – рече Милошоски.

Тој појасни дека „овој разговор се однесува на работата на СЈО, се однесува на тесната координација на премиерот со Врховниот суд при носење на одлуки поврзани со обвинителски предмети какви и да се би било недозволиво, и се однесува на тоа што господинот Заев и госпоѓата Катица Јанева биле во содејство на блиски соработници за секоја нејзина или негова одлука. Да скратам, господинот Заев преку оваа снимка се покажува дека не бил само премиер, туку бил и врховен судија и специјален обвинител. Тоа не е правна држава, туку тоа е хибриден режим каде што еден човек ја злоупотребува извршната власт за да биде и обвинител и судија“.

Во врска со тоа дали ги носи снимките во обвинителство и има ли нешто од претходните што ги однел, тој со одговор:

Од претходните таа што ја однесов госпоѓата Русковска кажа дека ќе ја стави во обработка во случајот за Меѓународниот сојуз и кажа дека ќе направат проценка за употребната вредност. Тоа беше на моја иницијатива и се надевам по објавувањето на оваа снимка самото обвинителство ќе покаже иницијатива, но доколку затаи повторно јас ќе ја повторам постапката и повторно ќе го доставам материјалот до ОЈО.

А за тоа дали му понудиле и дали би прифатил да е носител во петтата изборна единица, Милошоски кажа дека „нема такви информации, има време, ќе размислиме“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...