Милошевски, поранешен функционер во МВР: Битно е што зборува Катица на спикерфонот!

Допрва ќе гледаме и слушаме снимки со разговори, слики и други инволвирани во случајот ''Рекет''.

11191
20160212 Friday katica janeva

Катица што кажува не е битно.

Сигурно нема да прифати вина. И јас, а верувам и вие така би постапиле.

Битно е што кажува на спикерфонот во моментот кога се бројат парите. Онаа снимка за која зборува Вилма.

„Оштетениот“ толку е итар што нема сигурно да ги даде парите, ако нема гаранција од другата страна на телефонот.

Битно е дека безсрамно лажеше дека го изгубила мобилниот телефон, битно е дека навистина ги ослободи од притвор сите инволвирани во „Империја“ и им ги врати патните исправи, како што посакуваа двајцата притворени.

А сето тоа таа не го направи од љубов спрема Боки 13.

Тврдам дека „пријавителот“ на случајот „Рекет“ не е способен сам да снима разговори и средби. Тоа го направиле искусни луѓе, професионалци од безбедносните структури од една соседна земја. Да не заборавивте дека тие го „обезбедуваа“ пријавителот на случајот „Рекет“.

Тие паралелно работеле и други оперативно-технички работи.

Така што допрва ќе гледаме и слушаме снимки со разговори, слики и други инволвирани во случајот „Рекет“. А тие се во рацете на пријавителот.

Тој ја води играта. Кај него се коцките.

Сето ова е многу поголемо од Катица…

Правда за сите!

(ФБ статус на Томе Милошевски, поранешен помошник министер за внатрешни работи)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...