Милошевски, поранешен функционер во МВР: Одете до крај со истрагата!

„Без пардон затворете ги сите до еден кои се инволвирани во случајот Поткуп", апелира Томе Милошевски, поранешен помошник министер за внатрешни работи.

3155

Ако работите се гледаат од друг агол, Орце Камчев (ваков, таков, онаков, каков и да е) со 1,5 милиони евра, успеа да ја урне довербата на СЈО и правната држава, а и на Владата.

И тоа само поради некои прости, неизживеани и лакоми криминални умови во СЈО и поедини политички ликови инволвирани во случајот ”Поткуп”.

Уште еднаш апелирам, одете до крај.

Немојте поради некои криминалци во вашите редови да пропадне целиот труд и напор што граѓаните го вложија во рушењето на претходната власт. А заедно со нив и вие.

Без пардон затворете ги сите до еден кои се инволвирани во случајот. Немојте да тактизирате и да играте на факторот време.

Ова не се заборава.

Одберете го помалото зло.

(ФБ статус на Томе Милошевски, поранешен помошник министер за внатрешни работи)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...