Милошевиќ е погребан без мозок!

Адвокатот Тома Фила целосно ја отфрла можноста дека мозокот на Милошевиќ останал на Институтот за форензика во Холандија.

8164
ФОТО: EPA/Srdjan Suki

Телото на поранешниот претседател на Србија и воен злосторник Слободан Милошевиќ, по смртта на 11 март 2006 година во холандскиот затвор во Шевенинген, префрлено е во Србија, но без мозок. Овој орган, според информациите на Кристијан Шартије, во тоа време портпарол на Трибуналот во Хаг, е изваден, а Милошевиќ е погребан без мозок.

– Се сеќавам дека телото на Милошевиќ во март 2006 година е вратено во Србија без мозок. Не знам што се случи потоа, дали мозокот е вратен на семејството цел или во делови, или останал на институтот, или е уништен – рекол Шартие за BBC, пренесува српски Курир.

Една од можните причини за тоа, како што се шпекулирало во кругови блиски на поранешниот хашки осуденик, е прикривање на трагите кои би укажале на присуство на некои супстанци кои биле кобни за неговиот живот. Особено бидејќи некои отрови брзо се разградуваат во организмот, а нивни траги остануваат само во мозочното ткиво. Патологот др Зоран Станковиќ објаснил за Курир дека во моментот на смртта во затворски околности, во текот на обдукцијата, често се земаат и чуваат делови на органи и ткива.

– Можно е дел од мозокот да е земен за хемиска и токсиколошка анализа. За тие цели се земаат човечки течности: крв, урина и содржина од желудникот. Потоа, делови на органи како што се мозокот, бели дробови, срце, џигерот со жолчната кеса, делови од бубрезите, слезинка, бешика, тенко и дебело црево и се прави контролна токсикологија. Можно е некои делови да се земени и од неговото тело и да не се вратени назад. Тие се чуваат од шест месеци до една година – вели Сртанковиќ.

Тој додава дека се зема околу 100 грама од органот и дека тоа е доволно да се направи хемиска и токсиколошка анализа.

Адвокатот Тома Фила целосно ја отфрла можноста дека мозокот на Милошевиќ останал на Институтот за форензика во Холандија.

– Тоа се глупости. Во Белград исто така е направена обдукција и нема основ дека тоа е точно. Да се испрати човек без мозок, па зарем во сериозна држава би се случило телото на поранешниот претседател стигне без глава или мозок и тоа така да помине – вели Фила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...