Милијардер ја пронашол мртва ќерката, виолинистката се предозирала со новата дрога ФОТО

Дрогата „Келвин Клајн“, неодамна станала популарна меѓу младите и дека ноќниот живот во Лондон не може да се замисли без тој опијат.

1066

Талентираната виолинистка, Катја Чуканова (17), e пронајдена мртва во Лондон. Безживотното тело го пронашол нејзиниот татко, рускиот милијардер Игор Чуканов, а се сомнева дека е предозирала со дрогата позната како „Келвин Клајн“, мешавина од кокаин и кетамин.

Непосредно пред смртта се забавувала со пријателите, а ѝ се слошило во нејзината вила во Кенсингтон, западниот дел на Лондон.

Чуканов се преселил од Русија со сопругата Наташа во 90-тите во Лондон, каде што се родила Катја. Скршениот татко изјавил за британскиот „Телеграф“ дека неговата ќерка, која настапувала во Кралската опера, само неколку дена пред смртта била исклучително среќна и имала светла иднина.

– Беше толку паметна девојка, но направила лош избор. Што ние родителите можеме да направиме? Децата секако ќе го прават она што сакаат да го прават и никогаш не ви ја кажуваат вистината – рекол рускиот милијардер.

Катја веднаш била пренесена во болница, но лекарите не можеле ништо да направат.

Другарите на несреќно починатата девојка им рекле на новинарите дека дрогата „Келвин Клајн“, неодамна станала популарна меѓу младите и дека ноќниот живот во Лондон не може да се замисли без тој опијат.

На италијанскиот фестивал Суони дал Голфо во 2018 година Катја била прогласена за најдобар млад музичар на годината.

Катја била примена на престижното Кралско музичко училиште на деветегодишна возраст, каде посетувала часови по виолина, клавир, музичка теорија и свирење во трио и оркестар.

Тинејџерката веќе настапувала во некои од најпознатите светски музички арени, вклучувајќи го и њујоршкиот Карнеги Хол.

Катја ј завршила првата година од музичкото учлилиште во Бакингемшир, каде што добила и стипендија, а во септември требало да тргне на повисоко ниво.

FOTO: Jutjub/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...