Милијардерот педофил најден на подот на затворската ќелија со повреди на вратот

Епстајн е префрлен во болница, пренесува „Њујорк тајмс“, но не се знае во каква состојба.

2030
Jeffrey Epstein/2011 police mug shot

Чуварите во њујоршкиот затвор во ќелијата го затекнале повредениот милијардер од Флорида Џефри Епстајн, обвинет за сексуално злоставуање на малолетни лица, јавува „Ен-би-си Филаделфија“.

Епстајн бил пронаден при делумна свесност со повреди на вратот, а истражителите сè уште се обидуваат да заклучат што се случило. Чуварите го нашле како лежи на подот на ќелијата, а некои пренесуваат дека лицето му посинело.

Два извори тврдат дека се обидел да се обеси, а третиот извор наведува дека повредите се сериозни, и дека е можно да ја користи оваа ситуација со цел да го префрлат во некоја друга институција.

Четвртиот извор наведува дека е можен и напад, како и дека еден затвореник поради тоа бил на испрашување.

Епстајн е префрлен во болница, пренесува „Њујорк тајмс“, но не се знае во каква состојба.

Да потсетиме, овој инвестиционен банкар беше уапсен на почетокот на јули на аеродромот во Њујорк кога се враќал од Париз. Се товари дека на малолетни лица на возраст од 14 години им плаќал за масажа, а потоа сексуално ги искористувал.

Ова не му е прво такво обвинение

Епстајн уште во 2008 година ја признал вината за обвиненијата за сексуалното злоставување на малолетнички па ја избегнал можната доживотна казна затвор. Добил само 13 месеци затвор и е регистриран како сексуален престапник иако истрагата утврдила дека сексуално злоставувал 36 малолетни лица.

Најновото обвинение, поради кое во моментот е во затвор, се однесува на злосторствата кои се случиле помеѓу 2002. и 2005 година во Њујорк и Палм бич.

FOTO: Jeffrey Epstein/2011 police mug shotPalm Beach County Sheriff’s Office

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...