Милијардерот Блумберг се вклучува во претседателската трка во САД

355
ФОТО: EPA / Martin Sylvest

Милијардерот Мајкл Блумберг како демократ синоќа предаде кандидатура за претседателската трка во САД до Федералната изборна комисија.

Откако формално ја предаде кандидатурата, Блумберг може да почне да собира средства за кампањата.

Негов соработник синоќа изјави дека конечната одлука за кандидатурата не е донесена.

Блумберг (70) еден од најбогатите Американци сигнализираше дека може да биде дел од предизборието во Демократската партија навестувајќи дека според него, досегашните 20 кандидати се слаби за избор. Ако влезе во трката веројатно ќе мора да се откаже од неколку држави каде негови потенцијални противкандидати веќе со месеци таму водат кампања.

Блумберг веќе се регистрираше за избори во Алабама, Арканзас и во Тексас.

ФОТО: EPA / Martin Sylvest

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...