Милијардерката која цел живот била со мажи, се ожени со трансродната Јутјуб ѕвезда ФОТО

Џиџи блескала во раскошната венчаница, а нејзината сопруга се одлучила за костум од сопствената колекција.

888

анаѓанката Џиџи Горџеус (27), познатата јутјуберка, и милијардерската наследничка Натс Гети (26) ја озаконија својата врска со раскошна венчавка во Калифорнија.

Џиџи блескала во раскошната венчаница, а нејзината сопруга се одлучила за костум од сопствената колекција. На венчавката присуствале 220 гости, а двојката слетала со хеликоптер.

На Џиџи вистинското име и е Грегори Алан Лазарато. Своите видео почнала да ги објавува уште во 2008 година, а најголемо внимание привлече во 2013 година кога се декларираше како трансродна личност. Имено, својата трансформација од маж во жена верно ја документирала, што привлече публика.
Исто така, до 2016 година се изјаснувала како бисексуалка, за истата година да се декларира како лезбијка.

– Дотогаш излегував само со мажи, а потоа лудо се вљубив во личност која е девојка. Не се срамам од тоа и сметам дека сум многу среќна. Никогаш досега не сум почувствувала такво нешто, додека не ја запознав неа и сфатив дека сум лезбијка – открила Џиџи во една од своите онлајн објави не криејќи дека Наталиа ѝ помогнала сексуално да се определи.
Пред три години ја запознала милијардерката Наталија, со која се свршила во август 2018 година, исто така, пред камерите.
Имено, Наталија на својата избраничка тој ден ѝ рекла дека ќе прават снимање. Со приватен хеликоптер пристигнале во еден дворец во Париз, каде Наталија клекнала пред Џиџи пред пријателите и семејството.

Кога Џиџи рекла „да“, се случил спектакуларен огномет, а целиот романтичен настан бил документиран на социјалните мрежи.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...