Во светот има 2.153 милијардери кои располагаат со повеќе пари од 60 отсто од населението на планетата. Тоа го соопшти Оксфам, кои нагласуваат дека концентрацијата на богатство ги погодува посебно жените.
– Јазот меѓу сиромашните и богатите не може да се надмине без насочени политики за борба против нееднаквостите. Владите мора да обезбедат богатите и деловните субјекти да го платат својот фер удел во даноците – рече Амитабх Бехар, претставникот на Оксфам за Индија, кој ќе ја претставува невладината организација на Светскиот форум во Давос оваа година.
Годишниот извештај на Оксфам за нееднаквост традиционално е објавен непосредно пред отворањето на Светскиот економски форум во Давос, каде традиционално се среќаваат претставници на економската и политичката елита.