Барањата на славните ѕвезди некогаш навистина може да бидат бизарни, а некои холивудски актери отишле чекор подалеку.
За овие познати личности велат дека се најарогантни:
1. Анџелина Џоли
Жена милионер и поранешна сопруга на милионерот Бред Пит, барала во една прилика студиото за кое снимала филм да му плати часови по летање на нејзиниот тогашен сопруг Бред Пит. Трикот бил во тоа што Бред немал никаква врска со филмот. Пит ги добил своите часови по летање, кои можел и самиот да си ги плати. На крајот себеси се почестил со авионот „спидфајер“.
2. Џорџ Клуни
Познатиот актер барал да му изградат викендичка на една егзотична плажа, во неа да постават џакузи, и како бонус, приватен терен за кошарка. И тоа сè заради улогата во филмот „Гравитација“, во кој се појавува вкупно 20 минути. На тоа биле потрошени 100.000 фунти.
3. Вил Смит
Тој барал да му обезбедат автобус на кат, за да го блокира сонцето. Тоа бил еден од условите во текот на снимањето на филмот „Луѓе во црно 3“. Објаснување? Едноставно, сакал да го блокира сонцето, неговиот најголем непријател.
4. Парис Хилтон
Богатата наследничка имала многу мала, епизодна улога во еден филм. Снимала само еден ден, а за таа „мака“ барала живи јастози, кои приготвени би ги јадела за време на снимањето, ако посака. За таа потреба, ангажирале и готвач кој чекал „кучката“ (така ја нарекувале колегите од снимањето) да огладне.
5. Брус Вилис
Холивудскиот шмекер барал 1.000.000 долари на ден, на снимањето на продолжение на некој филм. Требало да снима четири дена… Студиото не се согласило со неговите барања.
6. Марлон Брандо
Барал цело време додека го снимал филмот на главата да носи кофа со мраз, а барањето му било исполнето. Освен тоа, Брандо се спријателил со човекот со низок раст на снимањето, и одбил да работи додека и нему не му биде доделена солидна улога, за да се појавува во секоја сцена со Марлон.
7. Џек Николсон
Тој имал барање задолжително во една од сцените да бидат вклучени кокаин и дилдо. Исто така, Николсон барал спомнатиот кокаин да го шмрка од задникот на актерката. Режисерот Мартин Скорсезе малку се бунел, но потклекнал – таа сцена навистина постои.
8. Том Круз
Ова е, можеби, најлудото. Том Круз во своите филмови бара да носи рачно изработени танги. И тоа исклучиво за снимањето на акционите сцени. Значи, секојпат кога ќе го видите Том Круз како скока од авион, имајте на ум дека цело време носи танга.
Izvor: Kurir.rs