Мултимилионерот Џон Бродхурст признал дека ја убил својата девојка Натали Коноли.
Четириесетгодишникот изјавил дека ја оставил да умира во ходникот на куќата во Кинвер, Англија.
Тој со месеци одрекувал дека е виновен за смртта на 26-годишната Коноли. Најпрвин велел дека ја нашол мртов на скалилата откако го поминале денот со пијанчење, кокаин и садо-мазо секс.
Коноли била пронајдена мртва на 18 декември 2016 година.
Пред поротата било кажано дека Бродхурст сакал „да и одржи лекција на Натали“, бидејќи дознал дека таа на социјалните мрежи му праќала голи фотографии на друго момче.
Со аутопсија било утврдено дека несреќната девојка претрпела повеќе од 40 повреди, вклучувајќи и удари со тап предмет во главата, задникот и градите.
ФОТО: Принтскрин / Твитер